| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во кумановското село Лопате

Некаде по 21 часот, жителите на село Лопате, со фотографија испратена до редакцијата на Кумановски Муабети, информираа дека во селото има зголемено присуство на полицијата, откако одекнала стрелба од огнено оружје.

11836394102060122300575202056738776o-770x470

Жителите на селото, испаничени поради ситуацијата, информираа дека излезот од селото кон Куманово преку железничката пруга бил блокиран од страна на полицијата.

Како што дознава порталот Кумановски муабети  од  полиција дека се работи за вооружена престрелка на локални жители, и не се пријавени човечки жртви.

Според СВР Куманово, во престрелката има ранети лица.

Извор: Кумановски муабети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top