На летната сцена кај хотелот „Бисер“ во Струга, вечерва, 5-ти август, со настап на млади талентирани уметници од повеќе европски држави, ќе биде отворен 12-от меѓународен арт фестивал и натпревар „Езерски бисери 2015“.
На дванаесетото фестивалско издание ќе се натпреваруваат млади од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Молдавија. Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија, фолклор.
Гала концертот на кој ќе настапат најдобрите учесници ќе се одржи на 11 август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, кога ќе бидат доделени и наградите во програмата естрада, кореографија, фолклор.
На фестиваската програма на 5 август ќе се одржи „Вечер на славјански песни и танци“, а следниот ден „Вечер на француската култура“. Предвиден е и концерт на органа на Анастасија Игошина во Католичката црква во Скопје.
Најдобрите македонски учесници на „Езерски бисери“ имаат можност за настап на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



