| четврток, 6 декември 2018 |

Државна старлета се луксузира со пари од српските политичари

Државната старлета, Душица Јевџеновиќ (23), инаку советничка во српската Влада, која неодмна јавно се пофали дека допломатскиот пасош и го средил претседателот на Србија, деновиве ужива во луксузен хотел во Москва. Од фотографиите може да се види дека таа не штеди пари и на шопинг.

dusica-jevdenovic-sluzbenica-stan-roleks-tizer-1437864791-708121

Впрочем, таа им се пофалила на пријателите, велејќи им дека со парите на политичарите си купила ташна вредна 5000 евра со потписот на “Луј Витон”. Освен илјадниците евра фрлени на гардероба, Душица претстојува и во еден од најпрестижните хотели во рускиот главен град. ­

dusica-jevdenovic-foto-facebook-1438639348-713235

– Таа ни кажа дека патот го платила со парите на моќните политичари, односно дека главниот политичар и е финансиер. Пред да замине во Москва ни призна дека сака да се одмори но и да ја обнови гардеробата. Секако, не пропушти да се пофали дека купила ташна Луј Витон, изјавил извор близок до советничката.

dusica-jevdenovic-foto-facebook-1438639348-713237

Всушност, Душица не крие дека голем дел од работите кои ги поседува ги добила од моќни политичари. Оваа “државна старлета” се пофалила и на социјалните мрежи дека неодамна купила стан од 100 квадратни метри кој чини најмалку 200 илјади евра, два автомобили чија вредност е околу 130 илјаи евра и скапоцен часовник “ролекс” вреден 35 илјади евра.

dusica-jevdenovic-foto-facebook-1438639348-713239

Па така, почнувајќи од септември, таа ќе биде принудена да го докаже потеклото на имотот кој е непропорционален со нејзините месечни примања,. Советничка во Владата на Србија, во зависност од квалификациите имаа плата во просек од 50 илјади до 60 илјади динари.

А и кога ќе се додаде фактот дека таа има само 23 години, и дека четири години е на местото советничка тогаш таа се вработила на 19 години. Таа не крие дека станот и автомобилите ги добила од моќен политичар кој е татко на нејзиниот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top