| четврток, 6 декември 2018 |

Србија го одбележува споменот на страдањата и прогонот на Србите во „Бура“

Точно на пладне ќе се огласат камбаните на сите цркви во земјата и сирени со сигнал за прекин на опасност, со што ќе биде означено едноминутно молчење за жртвите во војните од 1991 до 1995 година, пренесува МИА.

Српското Министерство за култура и информирање побара од медиумите да се придржуваат кон обврските за одбележување Ден на жалост, кои се јасно дефинирани со закон, и своите програмски шеми детално да ги прилагодат според настанот.

Во знак на сеќавање на страдањата и прогонот на Србите во акцијата „Бура“, 5 август е прогласен за Ден на жалост на територијата на Србија и Република Српска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top