
Руските лекари сè уште не доставиле извештај за здравствената состојба на Ратко Младиќ, но неговиот адвокат Бранко Лукиќ тврди дека станува збор за тешко оштетување на мозокот по трите мозочни удари што ги преживеал додека бил во бегство.
– Лекарите во Кралската болница Броново утврдиле дека на Младиќ повеќе од 50 отсто од мозокот не му е во функција бидејќи постои калцификација. Тие не прецизираат колкаво е оштетувањето – истакна Лукиќ, кој ја предводи одбраната на Младиќ.
На поранешниот командант на војската на Република Српска му е одземена целата десна страна од телото, има проблем со крвниот притисок, комуникацијата со него е тешка, а неговите адвокати имаат проблем кога се обидуваат да разговараат со него за судскиот процес пред Хашкиот трибунал.
Младиќ сам наметнува теми за разговор и тоа најчесто се случувања од пред 30 или 40 години или од блиско минато. Тој не се сеќава на настани пред 10 или 20 години, а посебен проблем се разговорите за воените случувања во текот на 90-тите години од минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


