| четврток, 6 декември 2018 |

Младенова: Никола замина без да каже каде ќе оди

komemoracija-nikola-mladenov-4

Никола Младенов во вторникот околу 20 часот излегол од дома. На најблиските не им кажал каде заминува. Последниот контакт со него го оствариле два часа подоцна. Некаде по 23 часот, се случила трагичната несреќа, кога „мерцедесот“ што го возел Младенов, на патот од Велес кон Скопје, излетал од коловозот и се превртел во ендек, пишува Утрински весник.

„Не знам ништо! Знам само дека сум горда на него“, изјавила сопругата на Никола Младенов, Билјана. Таа, во телефонски разговор за Утрински потврдила дека критичниот ден Никола излегол околу 20 часот, но не кажал каде планира да замине. Таа не можела да каже ништо повеќе за часовите пред несреќата.

Што се случувало точно во вторникот попладне, односно само неколку часа пред загинувањето на Младенов, никој не знае точно. Неговиот адвокат, Оливер Вуксановиќ, вели дека критичниот ден разговарал и дека Младенов не споменал патување.

„Мислам дека беше некаде околу 18,30 часот. Се слушнавме со Никола и разговаравме за тековни проблеми поврзани со тужбите што се поднесени против ’Фокус’. Тој не ми спомна дека има некаков состанок или дека ќе замине на пат“, вели адвокатот Вуксановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top