| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална олимпијада Македонија со најуспешен олимписки настап

Државна видеолотарија на Република Македонија  во рамки на својата визија за општествено одговорна компанија, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството, со донација ги охрабри членовите од Специјална олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес. Тие постигнаа најголем успех досега.

specijalna-olimpijada

Настанот кој се одржуваше од  25 јули до втори авуст е најуспешен настап на наша делегација на некои олимписки игри.

– Во сите олимписки дисциплини во кои се натпреварувавме, атлетика, пливање, пинг понг и Јунифајд кошарка освоивме медали. Со гордост се враќаме во Македонија за да ја споделиме радоста со домашната јавност. Овие Олимписки игри само потврдија дека нашите атлети со интензивни тренинзи во рамки на програмата на Специјална Олимпијада Македонија може да освојува медали во големи рингови. Им благодариме на сите поддржувачи кои веруваа во нас и нашиот тим “ – вели Ана Петровска, водач на делегацијата.

Еве ја и листата на носители на медали на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Лос Анџелес 2015

Атлетика

Јулијана Петровска – злато на 100 метри

Ајвази Себат – сребро атлетика 200 метри

Ајвази Себат – сребро атлетика 400 метри

Албан Бајрамовски – сребро на 400 метри

Пливање
Марио Мицковски – злато  25 метри слободен стил

Стефан Трпковски – бронза 25 метри слободен стил

Јована Павловиќ – бронза 50 метри пливање слободен стил

Пинг Понг

Фатиме Бељур – бронза

Давид Стојановски – бронза

 Кошарка

Унифајд тим – сребро освоено во мечот Македонија – Брегот на Слоновата коска

Ова е најголемиот глобален, спортски и  воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји се натпреваруваа во 25 олимписки спорта и ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top