Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го издаде романот „Армада“ од Жоао Жилберто Нол на македонски јазик. Овој роман, објавен во 1993 година, важи за едно од најнаградуваните дела на латинскооамериканската книжевност. „Армада“ е добитник на наградата „Жабути“ за роман на годината во 1994 година, а списанието „Браво“ го сместува меѓу стоте најдобри бразилски дела на сите времиња. На македонски романот го преведе Марија Ристовска.
Жоао Жилберто Нол (1946) е бразилски писател. Кратко ги напуштил студиите за да работи како новинар. Имал неколку писателски и академски престои во Ајова и во Калифорнија (САД), во Белаџо (Италија) и во Лондон (Британија), кои многу влијаеле врз неговото творештво. Негови најпознати дела се романите „Хотел Атлантико“ и „Армада“.
Во „Армада“ Нол претставува лик што талка во главниот град на една измислена држава од Латинска Америка. Се подразбира дека земјата е пародија на Бразил, на нејзиното општество и обичаи. Ликот шета во различни делови на градот: река, море, театар, хотел. На сите овие локации се прикажани различни видови луѓе и нивни реакции, додека читателот доживува широк спектар на сензации.
Нол е петкратен добитник на наградата „Жибути“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст