Издржи Пандо во најважниот меч во животот, порачуваат македонските фудбалери, спортски работници, клубови и вљубеници во бубамарата, како поддршка за Александар Пандовски, 23-годишен играч на Еуромилк, кој се наоѓа во кома по сообраќајката завчера.
„Ти почна најважниот натпревар другар, Господ нека е со тебе“ напиша Иван Настевски, некогаше соиграч на Пандовски во Вардар и во Работнички.
„Издржи Пандо“, порачаа и ФК Вардар, ФК Работнички и ФК Еуромилк, трите македонски клубови за кои играл 23-годишниот напаѓач.
Поддршката за некогашниот македонски репрезентативец во младинските категории пристигнува од сите страни.
Трагичниот настан се случи вчера на излезот од Скопје. Пандовски управувал со возило марка „Голф“ и при брзина од околу 130 километри на час се забил во бензинската пумпа на Макпетрол. Со него во возилото бил и неговиот татко, а и двајцата се со тешки повреди и се борат за живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.