Јавноста очекува да се најде најефикасно и најсоодветно решение како да се оствари правото на глас за граѓаните што се надвор од земјата. Преостанува тоа да се направи при целосното разгледување на прашањата околу изборите. Во дискусијата се дадоа корисни предлози. За поголема опфатеност на гласачите ОМД предлага електронско гласање или гласање по пошта или зголемен број гласачки места. Македонскиот сојуз од Австралија предлага изборните одбори да се формираат од тамошни луѓе за да се заштеди на финансиски средства.
И покрај сѐ, останува дилемата зошто се проблематизира прашањето за гласањето во дијаспората. Дали е тоа од принципиелни причини или поради партиски интереси? Затоа што македонските граѓани што престојуваат надвор од земјата веќе од 2009 година добија организирана можност да гласаат во рамките на посебни изборни единици, за избор на пратеници во Собранието и за избор на претседател на републиката. Познато е дека еднаш здобиеното право е недемократски привремено или поинаку да се укине. Иако за универзалните права на човекот не треба воопшто да се разговара, доколку тоа не е во функција на нивното поуспешно реализирање,тоа се случува. Се наведува дека гласањето финансиски ја оптоварува државата, а се доведува во прашање и потребата од пратениците од дијаспората, наводно поради нивната непретставителност, дури и неефикасност.
Се чини, сепак, дека најлошо од сѐ е што се превидува фактот дека поради мноштво причини поврзани со современото живеење на Република Македонија, но и поради движења што ги предизвикува глобализацијата, многу наши државјани, на кратко или на подолго време, престојуваат надвор од државата. А тие, како државјани на Република Македонија, ги имаат сите граѓански права, меѓу кои и правото, честа и обврската преку гласањето да го искажат своето демократско право на избор на политичката опција што, во еден временски период, во нивно име, ќе биде реализирана. Тоа основно демократско право за сите нас, се остварува во општествена организација на многупартиски политички систем поради што и пратениците од дијаспората не можат да бидат кандидати што се независни од политичките партии. Тие, единствено, можат да бидат предложени од партиите во Македонија, а изборот да биде извршен според политичката и друга определба на гласачите. Притоа, своето независното мислење пратениците ќе можат да го остварат во согласност со нивната интелектуална сила, но и со оглед на постигнатата демократичност на партиите.
Како начин да ја покажеме грижата за целата македонска заедница, за Македонците распрснати по целиот свет, негувајќи ја нивната цврста врска со земјата, иако постојат и идејни, и политички, и роднокрајски разлики, и разлики поради натурализираноста што, повеќе или помалку, се случува и кај секој друг народ, мораме да го увидиме националниот интерес, како народ што треба да обезбеди сопствено опстојување, и да ја покажеме изострената грижа за остварувањето на правото на глас, како и за остварувањето на правото на македонско државјанство.
Иако во последно време во релациите со нашинците од дијаспората ние покажавме и покажуваме отвореност, која постојано треба да се надградува. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, покажа дека за него, како едно од приоритетните прашања, е токму негувањето на односите на земјата матица со дијаспората. Затоа што РМ е нашиот заеднички дом во светот, подвлече, минатата година, на Академијата по повод Денот на револуционерната борба.
За почит и за восхит е што луѓето од дијаспората, и без оглед на тоа каде живеат, речиси во секоја пригода ги манифестираат своите емоции и приврзаност кон Македонија.
А уште повеќе, нашинците во светот, преку своите организации, покрај заложувањето за прашања од животот во земјите во кои актуелно живеат, и многуте конкретни прашања што произлегуваат од релациите со матичната земја, Македонија, вложуваат завиден ангажман за остварување на најзначајните македонски национални интереси, какви што се грижата за правата на Македонците и на македонските малцинства во светот, истовремено, во меѓународни рамки, застанувајќи во одбраната на македонскиот етнички и национален идентитет. Дијаспората не само што го промовира македонското етничко потекло и идентитет и настојува да се зачувуваат македонските традиции, да се промовираат македонските социјални и економски вредности организирајќи образовни, социјални и донаторски програми, туку, во соработка со големите меѓународни заедници, вклучувајќи се во промовирањето на универзалните идеали за мир, слобода, самоопределување, еднаквост и правда, природно, мошне активно се заложува во поддршката на нашето уставно и природно право врз името Република Македонија. Најзначајни се нивните активности поврзани и во обезбедувањето поддршка кај меѓународните субјекти за нужноста на членството на Македонија во регионалните и во меѓународните организации, какви што се северноатлантските организации и Европската унија, како и во остварувањето на билатералните релации меѓу Македонија и нациите во кои опстојуваат. Затоа, на крајот, потребно е да ги превидиме лажните предубедувања за финансиската неисплатливост на гласањето на дијаспората, затоа што се заборава токму на нејзините придонеси во економското растење на нашата земја. Дијаспората придонесе и понатаму ќе придонесува за странски инвестиции во Македонија какви што досега се фабриките „Џонсон контрол“, „Џонсон мети“, германските фирми и други. Тука е и Клубот Македонија – 2025. Во исто време потребно е да се наведе дека само во минатата година во Македонија од дијаспората влегле 366.523.867 долари (Извор: Саздов), додека учеството на финансиските средства од дијаспората во БДП е 18 – 20 проценти.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст