| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје испрати помош во Тетово

Pomos poplavi vo Tetovo (3)
Градот Скопје рано изутрина по обилните врнежи на дожд и поплави во Тетово и регионот околу градот, испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите.

Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода и седум цестерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Kомунална хигиена”, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода.

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од над 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top