Полицијата во Велика Британија го сомничи починатиот британски премиер, Сер Едвард Хит, за педофилија. Хит е осомничен во рамките на истрагата за голем ланец на злоставување деца во кои пред неколку децении наводно биле вмешани многу угледни граѓани и политичари во Велика Британија.
Полицијата ги повика потенцијалните жртви на поранешниот премиер да се јават, а воедно открила дека токму Сер Едвард, кој управувал со земјата од 1970 до 1974 година, а умрел во 2005 година, е еден од злоставувачите.
Тамошните власти потврдиле дека работат на поддршка на жртвите, но одбива да изнесе какви било детали околу обвинувањата против поранешниот премиер, кој починал на 89-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.