| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ги враќа симболите и традициите на Советскиот сојуз

Рускиот претседател Владимир Путин повторно се враќа на симболите и традициите на Советскиот сојуз. Сега тој планира повторно воведување на орденот „Херој на трудот“.

Признанието влегува во редот на највисоките во Русија и треба да ги потенцира значењето и престижот на самопрегорната работа .

Во индина „ посебните работни постигања“ ќе бидат вреднувани од државата и од народот, ако придонесуваат за „обезбедувањето на благосостојбата и растежот на Русија“, се вели во декретот потпишан од Путин. Кремљ го објави документот според кој „хероите“ освен посебната плакета ќе добиваат и медал од злато со тежина од 15,25 грама.

Признанието се покажа како корисно во минатото, изјави Путин во Москва. Првично, тоа потекнува од времето на диктатурата на Јосиф Сталин. Орденот (на насловната фотографија) беше доделуван од 1928 година. По 1938 година признанието беше наречено „Херој на социјалистичкиот труд“, наслов кој беше познат и во поранешната Германска Демократска Република. Тоа во Русија беше укинато во 1991 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top