
Кинсеките власти конфискуваа илјадници шишиња со алкохолни пијалаци во кои се додавани супстанци за лекување на проблеми со ерекцијата, како „Вијагра“.
Истрагата открила дека два производители на алкохолни пијалаци од градот Лиужу, во реонот на Гуанси во пијалаците ставале силденафил и тадалафил, супстанци познати како „Вијагра“ и „Циалис“. Тие го продавале пијалакот афродизијак под името „Алкохол кунгфу“.
Конфискувани се над 5.300 шишиња од популарниот алкохолен пијалак, како и повеќе од еден тон хемиски супстанци.
Кинеската традиционална медицина препорачува повеќе или помалку противречни методи за лекување на проблемите со ерекцијата, за кои се смета дека дејствуваат како афродизијаци.
Во Кина се чести скандалите во прехранбената индустрија, најчесто во млекото, виното или жестокиот алкохол се додаваат адитиви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


