Со сигурност ви се случило некогаш некој настан да го планирате со денови и да го осмислите апсолутно секој детаљ, за на крајот сепак да се случи фијаско. Спонтаните нешта сепак се најдобри и токму затоа не оптоварувајте се премногу. Ако некој ви се допаѓа и мислите дека би можело да дојде до жешки игри, погрижете се кај себе да имате заштита, а на себе убава и заводлива долна облека.
Мозокот е многу помоќен отколку што мислите дека е, па токму поради тоа е важно да се насочите кон позитивен и еротичен тек на мислите. Бидете сконцентрирани на желбата и страста, а така ќе бидете и на одличен пат за да ги откриите магиите на тантричкиот секс.
Нека почнат предигрите!
Сеедно кој ќе ги води, важно е и двајцата да уживате и да им се препуштите на допирите и истражувањата на вашите тела. Не срамете се, бидејќи при толкава страст вашиот партнер нема да се оптеретува со вашиот вишок на килограми или можеби сокриените лузни. Заполовете во секси авантура и заедно освојте го врвот.
Истражете го секое ново делче
Додека нежно и страствено се бакнувате, користете ги врвовите на вашите прсти за да поминувате по телото на партнерот и да го запознавате. Не држете се строго до ерогените зони и дозволете ѝ на фантазијата да биде дива. Истражете што го возбудува, што го излудува, а што сепак не му годи.
Намалете ги очекувањата
Никако не влегувајте во оваа авантура мислејќи дека ќе имате филмски епилог. Понекогаш, иако луѓето чувствуваат привлечност на прв поглед и имаат фантастичен контакт на почетокот, сексот сепак не е ниту одблиску до она што очекувале да биде. А ако размислите подобро, тоа е и логично бидејќи тремата и нервозата даваат значаен придонес, особено ако некој премногу ви се допаѓа.
Без глумење
Ако играта на партнерот не ви одговара или би сакале да ја промените позата, кажете му го тоа. Не очекувајте тој да ви ги чита мислите, бидејќи е голема веројатноста дека нема да ги погоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст