| четврток, 6 декември 2018 |

Бесценета детска игра на скопскиот плоштад (фото)

ILINDEN-FONTANA-4Прскалките на градскиот плоштад се во функција. Вчера скопјани кои беа во градот за време на Илинден добија ново освежување.Фонтаната е со димензии од 20 на 10 метри, украсена со 128 млазници и 128 светилки кои треба да постигнат дополнителен визуелен ефект.

Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

Проектот чини 2 ипол милиони евра, од кои, според објавеното една третина од парите ги обезбедува Градот Скопје, а останатиот дел Владата на Република Македонија.

Фонтаната е изградена меѓу фонтната Воин на коњ и Камениот мост, а гранитните плочки се заменети со бели.
ILINDEN-FONTANA-3 ILINDEN-FONTANA-2 ILINDEN-FONTANA-1 ILINDEN-FONTANA

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top