| четврток, 6 декември 2018 |

Понеделник носи пороен дожд

leten-dozd-10
Понеделник ќе биде сончев и спарен наутро и околу пладне. Според Метеопро попладнето ќе биде нестабилно во метеоролошка смисла, со акцент на атмосферската енергија во западниот и северниот регион. Во споменатите региони се очекува интензивен развој на облаци кои ќе донесат локален пороен дожд и грмежи, проследени со засилен ветер. Не е исклучена можноста за изолирана појава на врнежи од град.

Температурата е биде генерално пониска за разлика од недела. Во југоисточниот регион максималната ќе достигне околу 35°С. Во северниот регион максимлалната ќе достигне до 33°С, а во југозападниот регион околу 30°С.

Скопскиот регион очекува ден со максимални 33°С. Попладне се очекува локален дожд, овој пат со релативно голема веројатност истиот да има краткотраен пороен карактер и да биде проследен со засилен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top