| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Кери во Египет за враќање на стратешкиот дијалог

jon keriАмериканскиот државен секретар Џон Кери денеска во Каиро ќе разговара за продолжување на американско-египетскиот стратешки дијалог, кој беше прекинат во 2000 година поради политичките немири во Египет.

И покрај загриженоста поради состојбата со човековите права во Египет, администрацијата на претседателот Барак Обама ја зголемува воената помош бидејќи земјата се соочува со екстремистички закани, посебо на Синајскиот Полуостров.

САД во петокот му испорачаа на Египет осум авиони-ловци Ф-16.

Милитантите на Синајски Полуостров изведуваат се пософистицирани напади при што загинаа десетици египетски војници и полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top