| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајката кај Гевгелија загина семсјтвото на српски поп, а тој е пренесен на Ургентен

Во тешката соопраќајка што утрово се случи кај Гевгелија, загинаа сопругата и двете деца на српскиот поп Радивоје Паниќ, старешина во храмот Света Сава во Белград, пренесуваат српските медиуми.

– Утрово околу 7 часот на автопатот Демир Капија – Гевгелија случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „рено-меган“ со српски национални ознаки откако претходно удрило во заден дел од возило „фијат добло“ со гевгелиски регистерски ознаки излетало од патот и удрило во метален столб. На лице место починала Татјана П. (45), потврди МВР.

Децата, момче на возраст од 18 години (Н.П.) и девојче на возраст од 10 години, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите. Возачот на автомобилот Р.П (1961) е повреден и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Според полицијата, нема повредени патници во другото возило.

На местото на настанот излегол јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. Ивршен е увид и се работи на целосно расчистување на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top