Празничната трпеза е толку примамлива, што едноставно би било штета да се воздржувате од омилениот гурманлук. Но, тоа не значи дека треба да се прејадете, а токму тоа го прават многу луѓе.
По малку од се
Научете да уживате во секој дел од оброкот, но бидете свесни за тоа дека секој залак се брои. Еве како многу луѓе размислуваат: кога веќе нездраво јадам, можам да јадам колку сакам. Но ова не е исправно! Можете да уживате во гозбата, а притоа да не внесувате многу калории непотребно. На пример, една кришка бел леб содржи 135 калории. Воздржете се од лебот и веќе сте заштедиле доволно место за еден пијалок.
Престанете на време
Постои еден стар трик за одржување на килажата во кој се колнат многу луѓе: престани кога ти е најубаво. Можеби звучи сурово, но ова е идеален начин да не се прејадувате. Добро, сметајќи дека ова сепак е празничен период, не мора да станете баш кога ви е најубаво, но затоа јадете полека за вашиот мозок да има време да свати дека сте сити. Не чекајте панталоните да ви станат тесни, станете откако ќе забележите дека ви е доста.
Зборувајте
Кога сте во големо друштво лесно може да изедете многу повеќе отколку што обично би изеле. Затоа искористете го времето за дружба со вашите пријатели. Разговарајте, смејте се и така помалку ќе јадете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…