| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен скопски дилер

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава до надлежното окружно јавно обвинителство Скопје против Б.Ш.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

 

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Единицата за недозволена трговија со дрога, по претходно добиено сознание дека пријавениот, во текот на месец јуни 2015 година, од засега непознато лице, набавил поголема количина хероин и повеќе шишиња метадон, кои ги продавал на уживатели од Скопје презеде мерки за потврдување на сознанието.

По наредба од Судија на претходна постапка од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени 12,57 грама хероин, спакуван во 13 полиетиленски паковки, девет шишиња метадон од по 10 мл, четири шишиња хептанон од по 10 мл и една дигитална вага на која по извршеното вештачење се детектирани траги од хероин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top