Музичката академија, музичкото училиште, зградите на ЕВН и на ЕЛЕМ, во центарот на Скопје викендов ќе останат без напојување со електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД.
Имено, во сaбота без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 8 до 17 часот корисниците од ул. „Црвена Скопска Општина” ( без напојување ќе останат Музичката Академија, Музичкото Училиште и сите објекти кои се во склоп или близина на објектот на Музичка Академија).( Општина Центар ) и ул. „Иљо Војвода” ( Општина Шуто Оризари )
Во недела без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „11 Октомври” (без напојување ќе останат ЕВН дирекција , ЕЛЕМ дирекција , сите субјекти во посочената зграда , како и објектите што се наоѓаат во близина на дирекцијата ) и тоа во периодот од 8.45 до 14 часот.
Во понеделник, пак, без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 15.30 часот дел од корисниците од улиците Козле и Џумајска.( Општина Карпош )
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот објектот на Фрукт Импорт во Сарај. (Општина Сарај)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


