На денешната собраниска седница наменета за поставување на пратенички прашања до претставниците од Владата своето право да постави пратенички прашања го искористи и Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој доаѓа од Велес, Илија Димовски.
Имено, едно од неколкуте пратенички прашања кои тој ги постави на оваа седница беше упатено до Министерството за транспорт и врски и се однесуваше на долгоочекуваното обновување на возниот парк на Македонски железници односно набавка на 6 нови патнички гарнитури.
На почетокот Димовски најпрво упати благодарност до Министерството за транспорт и врски поради тоа што конечно после 35-40 години македонските граѓани имаа можност преку медиумите одблизу да го видат изгледот на новите патнички гарнитури кои ќе бидат набавени и наскоро ќе почнат да се користат. Тој исто така додаде дека доколку се земат во предвид податоците по бројот на патници кои пристигнуваат или заминуваат од Велес со воз, ќе може да се забележи дека железничката станица во Велес по степенот на искористеност е речиси идентична со железничката станица во Скопје, што ја прави оваа набавка на нови патнички гарнитури од голема важност и значење за жителите на Општина Велес и околните населени места.
На конкретното прашање кога ќе бидат ставени во функција овие возови и какво ќе биде нивното значење за граѓаните кои живеат во Велес и секојдневно ги користат услугите на железничката инфраструктура, одговор даде министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
-Станува збор за набавка на 4 дизел гарнитури и 2 електро – моторни гарнитури произведени во Кина во вредност од 25 милиони евра. Новите возови ќе бидат според сите европски стандарди, со најсовремена опрема и со капацитет од 200 седишта, со што Република Македонија ќе може да се вброи во земјите со најдобра железничка инфраструктура не само во регионот туку и пошироко, рече Мисајловски.
Покрај обновувањето на возниот парк, Мисајловски потенцираше дека министерството ги рехабилитира и коридорите односно железничките станици на Коридорот 10, со што Велес ќе добие и нова железничка постројка.
На крај, министерот Мисајловски посочи дека пристигнувањето и ставањето во функција на првиот воз се очекува да биде во септември оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст