Александар Деревен, Хорхе Македа, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ и Дејан Манасков се новите засилувања кои денеска на прес-конференција ги претстави македонскиот ракометен шампион Вардар.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков потпиша тригодишен договор со Вардар за кој вели дека е среќен и дека ќе го даде максимумот.
– Моногу сум среќен што по кратката авантура во Германија повторно се враќам во Македонија и дека ќе бидам дел од Вардар. Вардар е голем клуб со големи амбиции и оваа година треба да влеземе во ф4, за што се надевам дека ќе имаме и спортска среќа да ги освоиме сите зацртани цели на клубот, истакна Манасков.
Ракометарите на Вардар од 3 до 13 август ќе бидат на подготовки во Крајнска Гора, а потоа ќе учествуваат на турнир во Кањижа од каде на 17 август се враќаат во Скопје. Првпат оваа година Вардар ќе организира турнир кој ќе се одржи од 24 до 28 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст