| четврток, 6 декември 2018 |

Осум причини зошто е добро да јадете ф’стаци

fstak-2

Познато е колку се здрави јаткастите плодови, како што се бадемите, оревите и индиските оревчиња, а во оваа група на здрави грицки, секако, влегуваат и ф’стаците. Еве 8 причини зошто тие треба да се најдат на вашето мени:

1. Здраво срце

Ф’стаците го намалуваат лошиот холестерол (LDL) и го зголемуваат добриот (HDL), дури и по краток период на консумирање. Богати се со антиоксиданси, со витамините А и Е. Исто така, тие се борат против воспаленија, ги штитат крвните садови, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го зголемуваат нивото на моќниот антиоксиданс лутеин во организмот.

2. Спречуваат развој на дијабетес

Консумацијата на ф’стаци може да го спречи развојот на дијабетес тип 2, благодарение на фосфорот што го содржат. Овој минерал, не само што ги претвора протеините во аминокиселини, туку помага и во толеранција на глукозата.

3. Здрава крв

Ф’стаците се богат извор на витаминот Б6, кој е неопходен за производство на хемоглобин, протеин одговорен за снабдување на клетките со кислород.

4. Здрав нервен систем

Витаминот Б6 има и благотворно влијание врз нервниот систем. Овој витамин има клучна улога во создавањето на обвивката околу нервните влакна, која овозможува оптимално испраќање пораки помеѓу нервите. Исто така, придонесува за синтеза на серотонин, адреналин и на мелатонин, како и аминокиселини, кои го смируваат преносот на нервни импулси низ нервниот систем.

5. Здрави очи

Ф’стаците содржат лутеин и зеаксантин, кои дејствуваат како заштитни антиоксиданси, кои ги бранат клетките од слободните радикали. Поврзани се со намален ризик од развој на сенилна макуларна дегенерација, која предизвикува оштетување на видот и слепило.

6. Го зајакнува имунитетот

Витаминот Б6 е важен и за имунолошкиот систем, помага во одржување на здравјето на лимфните жлезди и осигурува производство на бели крвни клетки, кои го штитат организмот од инфекции.

7. Сјајна кожа

Ф’стаците се одличен извор и на витаминот Е, кој е моќен антиоксиданс, неопходен за одржување на клеточната мембрана, заради што често се пепорачува за здрава и убава кожа. Витаминот Е ја штити кожата од штетните УВ-зраци.

8. Дополнителни протеини

Во споредба со преостанатите јаткасти плодови, ф’стаците содржат поголема количина протеини, а застапеноста на масти кај нив е на најниско ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top