| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на Царина во шест градови, запленети цигари и 117 литри алкохол

Царинската управа и Управата за јавни приходи во координирани контроли во 50-ина објекти во шест градови во периодот од 27 до 30 јули откри и заплени 117 литри алкохол и 23 кутии цигари во рамки на акцијата за откривање нерегуларна продажба на акцизна стока.

Во 13 објекти при контролите спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп, соопшти денеска Царинската управа, е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари.

– Привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалаци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видиви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери). Во една продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, откриени се и 23 кутии цигари „марлборо“ и „престиж“ без и со странски бандероли, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Се посочува дека овие контроли се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето.

Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари-јули 2015 година наплатени се приближно 15 проценти повеќе акциза за тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top