| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да „ѕирнете“ во документите што се чуваат во депоата? Утре има Отворен ден на архивите

Со цел на јавноста да и се презентира историјата на македонскиот народ низ документите што се чуваат во депоата на архивите и во исто време да се промовира архивистичката професија, а по повод националниот празник „2 Август – Ден на Републиката”, утре во сите одделенија на Државниот архив на Република Македонија ќе се организира манифестацијата „Отворен ден на архивите”.

otvoren den na arhivite

Во седиштето на Државниот архив и во неговите одделенија во поголем број градови, во терминот од 18 до 22 часот, вратите на архивите ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители и притоа вработените од Архивот ќе ги информираат посетители за архивистичката дејност; во холовите на Архивите ќе бидат поставени изложбени поставки; ќе бидат изложени најстарите, најрепрезентативните и најинтересните документи што се чуваат во депоата, а одредени публикации на Државниот архив на Република Македонија ќе можат да се купат со попуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top