САД ги шпионирале јапонските политичари, функционери и компании вклучително и „Мицубиши“, се наведува во документот што денеска го објави Викиликс.]
Американската Национална безбедносна агенција (НСА) шпионирала најмалку 35 „мети“ компании, владини функционери, министри и поголем број советници на актуелниот премиер Шинѕо Абе во периодот од септември 2016 до септември 2007 година.
На интернетстраницата на Викиликс објавени се четири строго доверливи извештаи на НСА кои откриваат интерни разговори во Јапонија за меѓународната трговија и политиката за климатските промени.
На еден од извештаите има белешка која укажува дека извештајот е доставен до Австралија, Велика Британија и Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.