Издавачката куќа „Или-или“ деновиве издаде во печат две нови прозни остварувања во популарната едиција „Проаза“ – романите „Звукот на сончевиот часовник“ на чешката писателка Хана Андроникова, во превод на Маргарета Карајанова, и „Црешовото дрво и старите чувства“ на германската авторка со хрватско потекло Марица Бодрожиќ, во превод на Ксенија Чочкова.
Илустрациите на кориците се на Марија Смилевска, дизајнот на „Бригада.мк“, а излегувањето и на обете книги финансиски е поддржано од Програмата на за култура на Европската унија.
Андроникова е родена во Злин и дипломирала англиски и чешки јазик на Карловиот универзитет во Прага. Минала една година од животот во Канада. Од 1998 година ѝ е посветена на литературата и живеела во близина на Прага.
„Звукот на сончевиот часовник“ е зрело, читливо и истовремено култивирано дело, кое на природен начин спојува неколку интелектуални нивоа, временски зони и жанрови сместени во Злин во екот на успехот на претприемачот Баќа, Индија во триесеттите години од минатиот век и современа Америка.
Марица Бодрожиќ (1973), пак, е германска писателка со хрватско потекло. Во Германија се преселила како дете и денес живее и работи во Берлин. На германската литературна сцена Бодрожиќ се пробива прво како поетеса, а потоа и како романсиер. Исто така се занимава со литературен превод и предава креативно пишување. Едно од нејзините најпознати дела е романот „Црвешовото дрво и старите чувства“, за кој ја добива престижната награда на ЕУ за литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст