Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Џон И. Битов Помладиот, по повод смртта на канадскиот стопанственик со македонско потекло Џон Битов.
Иванов на 10 септември 2011 година го одликуваше Џон Битов со орден „8 Септември“, за исклучителната посветеност и ангажираност во поддршката на напредокот на Република Македонија и нејзина афирмација во светот како независна и демократска држава, како и за придонесот во развојот и унапредувањето на односите и соработката со пријателска Канада.
Иванов наведува дека со длабоко жалење ја примил веста за смртта на неговиот татко.
– Џон Битов беше голем македонски родољуб и филантроп, кој ја сакаше Македонија и со зборови и со дела. Тој даде пример за тоа како треба да се промовира вистината за Македонија и како треба да се негуваат македонското име, идентитет и вредности. Во таа смисла, тој беше уверен дека никој не може да ни ја одземе нашата сопствена независна земја со слободите кои се заработени и името кое е избрано од страна на Македонците – стои во писмото со сочувство до семејството Битов.
Речиси четврт век Џон Битов, посочува Иванов, упорно работеше за поддршка на развојот и за напредокот на Република Македонија како независна, суверена и демократска држава, како и за нејзина меѓународна афирмација, особено во односите со пријателска Канада. Затоа, кога прославувавме 20 години од независноста, ја имав честа, во името на благодарните македонски граѓани, да го одликувам господинот Џон Битов со орденот „8 Септември“.
– Многумина Македонци се инспирирани од него и чекорат по неговите стапки, инвестирајќи во својата татковина. Република Македонија е горда што го имаше Џон Битов, кој ја поддржуваше државата и ги застапуваше нашите интереси на глобално ниво. Тој почна процес на сплотување за повисоката цел и јас сум навистина почестен што лично го познавав – наведува претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст