На локацијата на поранешната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во Скопје денеска ќе почне изградбата на објектот кој ќе изгледа како познатата зграда „Флатирон“ во Њујорк од 1902 година.
Станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron Скопје, ќе се гради на парцела од 4.400 квадатни метри. Ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа за станови.
Инвестицијата проценета на 40 милиони евра е на градежната компанија „Адора Инженеринг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.