| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Математичари тврдат дека веројатноста извлекувањето на лото да е наместено e 97,1 проценти

loto-srbija-previd-ili-izmama-01_thumb_medium500_282
Државната лотарија на Србија и понатаму се обидува да убеди еден милион граѓани на државата, кои во вторникот гледале извлекување броеви за таа игра на среќа дека тоа е „случајност“ што петтиот број по ред прво се појави на екраните, а половина минута подоцна беше извлечен.

За математичарите работата е јасна – веројатноста Лотарија да ја зборува вистината е 2,9 отсто, додека 97,1 отсто е веројатноста дека Лотарија на Србија не кажува вистина.

– Во спорниот момент во тркалото останаа 35 топчиња. Под претпоставка дека претходните броеви се извлечени правилно, веројатноста по најавата да биде извлечен бројот токму 21 е 2,87 отсто. Тоа е математика, а што навистина се случувало знаат само луѓето во Лотарија на Србија – вели за „Блиц“, Миљан Кнежевиќ доцент доктор по математика.

И покрај очигледниот скандал пред милионски аудиториум во државната лотарија на Србија тврдат дека се било регуларно. Директорот на Лотарија на Србија веќе поднесе оставка поради скандалот, а полицијата ќе го испитува случајот.

За „теоретичарите на заговори“ причина за тој скандал е во хрватскиот софтвер што го користат во Лотарија на Србија. Поранешниот претседател на Собранието на Лотарија, Владимир Ѓукановиќ вели дека софтверот е купен од хрватската фирма „Нирвана“, објави „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top