– Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не може да учествува во трета финансиска помош за Грција, во оваа фаза, објави лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на документ на ММФ.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, на состанок што се одржал доцна вечер во средата, одборот на ММФ заклучил дека нивото на грчкиот долг е премногу високо и оти нивото на спроведување реформи од страна на Грција е премногу мало за земјата „да се квалификува за помош“ согласно правилата на Фондот.
Преговарачи на ММФ ќе учествуваат во разговорите за програмата за финансиска помош за Грција, но тие „не можат да постигнат договор на ниво на персонал во оваа фаза“.
Фондот ќе одлучи дали да ќе учествува само откако Грција ќе постигне договор за сеопфатен сет на реформи и откако кредиторите од еврозоната ќе се договорат за отпишување на долгот, се вели во документот од четири страници до кој дошил „Фајненшл Тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст