| четврток, 6 декември 2018 |

Барањата на кралот на Саудиска Арабија ја шокираа француската десница

Салман бе Абделазис ал Суад (79), кој летниот одмор го минува на француската ривиера, со своите барања изненади многу Французи, а ги налути и политичките десничари откако прво бараше да се приватизира плажата Мирандол кај неговата вила, а потоа да биде исфрлена полицајката од неговото обезбедување.

646226_the-mansion-owned-by-the-the-king-of-saudi-arabia-is-seen-in-golfe-juan-vallauris-southeastern-france-ap_f

Пратениците на Франција веднаш го осудија однесувањето на саудискиот крал.

– Кралот на С. Арабија не е крал на Франција – огорчено коментирала поранешната министерка Надин Морано.

Таа објаснува дека шеф на странска држава има право на зголемена безбедност, но додава дека не би требало да се спротиставува на француските закони и обичаи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top