Ова лето во тренд се од целосно затворени костими за капење во стилот на педесеттите години од минатиот век до минимални едноделни костими.
Едноделните костими за капење не се резервирани за тие што сакаат да го прикријат стомакот и да скријат некој килограм вишок. Нив ги носат сите жени што сакаат да бидат во тренд и некојпат по сексапилот може да ги надминат и мини-бикините.
Ова лето се актуелни флуоресцентните костими за капење. Постојат неколку модели, а дизајнерите ги препорачуваат тие со светли бои, кои многу добро изгледаат на исончана кожа. Ги има во розова, сина или во бела боја.
Правилниот одбран костим за капење ќе ги нагласи сите убави делови на телото, а ќе ги скрие сите недостатоци.
Погрешниот одбран костим за капење може да го направи спротивниот ефект, дури и да ги нагласи недостатоците. Затоа при изборот на костим за капење првиот чекор е да се знае што треба да се нагласи, а што треба да се сокрие со костимот за капење.
Трендовите секогаш нудат неколку опции и затоа е полесно да се избере вистинскиот модел.
Бикини со дезен инспириран од животни
Ова е најтрендовскиот костим за капење за 2015 година. И бикините и едноделните костими за капење со ликови на диви животни се многу секси и модерни.
Бикини со тенки ленти на долниот дел и горен дел во форма на триаголник
Популарните „триаголници“ покриваат мал дел од телото со што се постигнува поголема изложеност на торзото и се здобива илузија на тенка става. И едноделните костими за капење со оваа форма – исечени странични делови и повеќе тенки ленти во долниот дел од костумот, исто така, се хит во колекциите за 2015 година.
Бикини со спортски изглед
Наменет е за тие што сакаат да се чувствуваат покомотно. Овие костими нудат убав и едноставен изглед, а воедно со нив може да играте одбојка или која било друга игра на плажа.
Костими за капење со етномотиви
Обично се во светли бои и многу се колоритни поради што изгледаат навистина спектакуларно.
Црн костими за капење
За црниот костим за капење важи истото правило како и за црниот фустан – никогаш не е надвор од мода. Најдобрата работа е што црниот костим е одличен за сите типови женско тело. Сите сакаат секси и трендовски костим за капење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





