| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивалот „Браќа Манаки“ објави повик за аплицирање на програмата „Манаки скрипт лаб“

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и Агенцијата за филм го најавуваат сценаристичкото катче – „Манаки скрипт лаб“, што годинава ќе се случува во соработка со „Торино филм лаб“ во периодот од 22 до 25 септември 2015 година.

manaki festival

„Манаки скрипт лаб 2015“ е четиридневна интензивна работилница за развој на сценарио заедно со Надја Димушел, скрипт-доктор со интернационално искуство и експерт од „Торино филм лаб“. Работилницата е резултат на соработката на фестивалот „Браќа Манаки“, Агенцијата за филм на РМ и интернационалната лабораторија и филмски фонд „Торино филм лаб“.

Програмата нуди интензивна работилница за развој на сценарио во текот на четири дена со познатиот скрипт-доктор. Успешните кандидати ќе имаат зададена агенда на работа која вклучува колективни и индивидуални средби со скрипт-докторот за време на 36-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“, во периодот од 22 до 25 септември.

Официјален јазик на „Манаки скрипт лаб“ е англискиот.

Фестивалот ги покрива трошоците за сместување и за храна на четирите одбрани сценаристи, а најдоброто избрано сценарио ќе добие парична награда во износ од 1000 евра. Наградата ќе се додели на церемонијата на затворањето на фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top