| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободете се од калориите на едноставен начин

AngryWoman

Разни диети, часови потрошени во теретана, пиење на скапи и невкусни напитоци, сето тоа помага при слабеењето, но зошто да се измачувате кога калориите можат да се согорат и на поедноставен начин

Бидете бесни – Ако сакате да се раздвижите, а немате доволно сила, доволно е само да се потсетите на личноста која неодамна ве налутила.

Фокусирајте се на нозете – Правете клекови такашто рацете ќе ги испружите пошироко од колковите. Ако ги зајакнете бутовите, се друго ќе биде лесно.

Согорете повеќе масти – Еден час пред тренинг јадете јаболка, мусли, јогурт, пијте сок од јаболко, бидејќи на тој начин ќе согорите повеќе масти отколку со јадење леб, маргарин и џем.

Возете велосипед – Возењето велосипед е забавно, а воедно и е еден од најдобрите начини за да ги согорите калориите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top