| четврток, 6 декември 2018 |

Режисерот на „Закон и ред“ обвинет за детска порнографија

Режисерот на популарната телевизиска серија „Закон и ред“, Џејсон Александер – Џејс е приведен под обвинение за детска порнографија.

Како што објавија американските медиуми, 50-годишниот Александер се обвинува за поседување и ширење снимки со сцени од сексуални односи со девојчиња.

На видеата што Александер ги дистрибуирал на интернет има снимки со сексуални односи со 12-годишно и со 13-годишно девојче, а во неговиот компјутер се пронајдени и други видеа со секс-сцени и со помали деца.

По приведувањето, Александер е пуштен да се брани од слобода со кауција од 10.000 долари. Почетокот на судскиот процес против него е закажан за 19 ноември и ако биде прогласен за виновен, би можел да заработи казна затвор од најмногу седум години.

Инаку, Александер покрај „Закон и ред“, режираше и епизоди од сериите „Спаси ми“ и „Црна листа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top