Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека со завршување на Коридорот 11, Србија ќе има најмногу километри автопат пропорционално на површината на својата територија.
– Градиме огромен број километри автопатишта. Само на Коридорот 10 се градат 85 и 80 километри, покрај другите 138 километри на друго место. Тоа се 300 километри, кои треба да бидат готови во следните две години – истака Вучиќ на прес-конференција.
Тој нагласи дека за другите проекти, за кои треба да се потпишат договори, сè уште не е договорен модел и треба да се разгледа дали во зделките ќе учествуваат Кинезите или Азербејџанците.
Српскиот премиер додаде дека Коридорот 10 ќе биде завршен три месеци порано, така што кон Македонија и Бугарија ќе се патува по автопат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст