| четврток, 6 декември 2018 |

Температурата утре до 42 степени, вечерта e можен дожд и ветер

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Plostad nova fontana (4) (Custom)

Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени, а дневната од 35 до 42 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи.

Утринската температура ќе биде околу 20 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 40 степени.

В петок претпладне, како и за време на продолжениот празничен викенд ќе има услови за локална нестабилност со локален дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за 3-4 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top