Секторот за внатрешни работи – Куманово го сомничи 35-годишниот кумановец Д.Ј дека сторил кривично дело „насилство“.
Според полицијата, кумановецот во 6 часот вчера без посебна причина физички нападнал таксист кој бил паркиран на улицата „Сава Ковачевиќ“. Кумановецот со тупаници го удирал по главата, 57-годишниот таксист Д.М, потоа го гаѓал со камења, по што со тупаници и клоци удирал по вратите и прозорците на возилото. Таксистот се здобил со телесни повреди и претрпел штета и автомобилот.
Како што соопшти денеска кумановската полиција, кумановецот заедно со кривична пријава е спроведен до основното јавно обвинителство.
Полицијата соопшти дека и претходно му поднесувала кривична пријава за „насилство“ на 35 годишниот кумановец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст