Метео сајтот „Временска прогноза за БиХ и Хрватска” до сега, даде прогнози кои се остварија.
На оваа страница се цитира американскиот експерт Бастарди кој тврди дека на глобално ниво во шестиот месец било најладно на Земјата во однос на 2006-тата година.
Минатото лето исто така во просек било поладно.
– Вистинското лето со надпросечни температури нѝ го покажа седмиот месец, очекувано секако. За да се оствари долго топло лето, треба еднакво да „пржи“ и во август и во септември. Тоа е малку веројатно, бидејќи денот е пократок. Лето и жештини би требало да има уште, но не долготрајни, бидејќи се очекува следниот месец, но и септември и октомври низата топли денови да бидат прекинати со продори на влажен и свеж, ладен воздух, носејќи нестабилност, непогоди и освежувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.