| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали од убиството во скопско Козле

Со по еден куршум во главата биле убиени турските државјани во Козле покажала обдукцијата на мајката и синот кои вчера беа убиени додека биле на гости кај сватовите во Скопје, објави „Телма“.

policija-ubistvo-kozle500

Полицијата проверува со каков вид на пиштол е стрелано кон убиените преку вештачење на една чаура која е најдена на местото на убиството. Убиецот користел и пригушувач на оружјето.

По телото и околу устата на убиениот Самет С. од Бурса имало и траги од бел прав сличен на брашно, потврдија за Телма добро упатени извори. Таква порака се остава во гангстерски пресметки кога се работи за бизнис со дрога. Најдениот прав исто така е даден на вештачење, објави „Телма“.

На жртвите не им е првпат да доаѓаат во Скопје. Убиениот бил зет на сопственикот на куќата кој вчера рано наутро ги нашол турските гости убиени во соба на долниот кат во куќата на Козле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top