| четврток, 6 декември 2018 |

Основен суд Скопје 1: Укинат притворот за Палифров и Верушевска

Основниот суд Скопје 1 по барање на адвокатите ја укинаа мерката притвор за Соња Верушевска и за Бранко Полифров, обвинети во случајот „Пуч“. Двајцата доставиле гаранции со хипотека на надвижен имот дека ќе присуствуваат на судскиот процес, а притоа одземени им се пасошите.

osnoven sud skopje 1

Соња Верушевска е третообвинета во „Пуч“. На сопругата на екс директорот на ДБК Зоран Верушевски претходно мерката притвор и беше заменета со домашен притвор од 30 денови, а сега со петтообвинет Палифров се пуштени да се бранат од слобода.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги уважи предлозите на обвинетите Бранко Палифров и Соња Верушевска, кои се дел од предметот КОК. Бр. 77/15, поднесени преку нивните бранители за укинување на мерката притвор односно мерката куќен притвор и замена на истата со друга мерка за обезбедување присуство за водење на кривична постапка. Воедно советот го прифати и предлогот на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за укинување на мерката притвор за двјацата обвинети и определување гаранција и мерки за претпазливост“, стои во соопштението на Основен суд 1 – Скопје.
Верушевска, нејзиниот сопруг, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Палифров во случајот „Пуч“ се товарат за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

За Верушевска обвинителен акт е само за кривичното дело – шпионажа. Според обвинителниот акт, таа му помагала на сопругот во вршење на шпионажата со тоа што го користела својот компјутер, а добиените  податоците и документите ги чувала и преведувала на англиски јазик и му ги давала на сопругот да ги предаде на странска држава, организација или друго лице што им служи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top