По најавата од метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре уште еден регион од државата ќе биде зафатен со температури од портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за осоговско-малешевски регион, односно градовите Крива Паланка, Кочани, Берово, Делчево, со што од вкупно шест региони во државата, во текот на утрешниот ден три региони (охридско–преспански, јужно-вардарски и осоговско–малешевски регион) ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза , односно температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза.
Од Министерството посочуваат дека продолжуваат да важат донесените препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.
Покрај овие препораки, Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период.
За населението и понатаму важат општите препораки за заштита од високите температури, согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови: во текот на екстремно топли денови, се препорачува престој во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворено, да се овозможат почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце и заштитни очила и капа, при сончање се препорачува да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности (најдобро обична вода за пиење), а да се избегнуваат алкохолните пијалаци и при влегување во возило, потребно е одреден период да се проветри возилото.
Со цел заштита на здравјето на ранливите групи на население, се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
Во текот на летниот период, во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст