Собранието денеска на 61. пленарна седница ги донесе законите за ратификување меѓудржавни договори и протокли во различни области, со Словенија, Саудиска Арабија и Швајцарија, пренесе МИА.
Како што појасни министерот за надворешни работи Никола Попоски, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владите на Македонија и на Словенија за полициска соработка е склучен на 15 април, годинава, а има за цел продлабочување на соработката меѓу полициските органи на двете држави, како би се делувало поефикасно во сузбивање на опасности по јавна безбедноста и за сузбивање на меѓународниот криминал.
За Законот за ратификација на договорот со Кралството Саудиска Арабија за одбегнување двојно оданочување по однос на даноците на доход и заштита од даночна евазија, министерот Попоски истакна дека санува збор за прв билатерален договор кој го потпишува Македонија со оваа земја. Документот, нагласи, претставува правна рамка и основа за унапредување на економските однсои и во доменот на размена на стоки и услуги, но и во доментот на странски вложувања.
Поддршка доби и Законот за ратификација на Договорот меѓу Швајцарската конфедерација, претставувана од страна на Сојузната канцеларија за бегалци Taubenstrasse 16, CH-3003 Берн, и Република Австрија претставувана од страна на Сојузното министерство за внатрешни работи во врска со воспоставувањето и функционирањето на „Меѓународниот центар за развој на миграциската политика“ во Виена, со измени и дополнувања.
Овој договор, како што рече Попоски е склучен во Виена, на 1 јуни 1993 година и со него Центарот има надлежност да ги анализира актуелните и можните миграциски текови кон европските држави, да ја следи и анализира сосотојбата во главните земји на потекло на мигрантит, и да промовира меѓународна соработка во областа на миграциските политики.
– Со оглед на тековните предизвици сметаме дека е од исклучителна важност функционирањето на овој Договор. Се цели во насока на олеснување на навремено предупредување, борба против главните причинители, усогласување на мерките за контрола при влез и координирање на политиките за странци, азил и беглаци. Со Договорот е воспоставен овој Меѓународен центар за развој на миграциската политика со кој се надеваме дека може да имамеедна дополнителна додадена вредност во поглед на справувањето со предизвиците во поглед на миграциските текови во Европа во моемнтов, рече Попоски.
Пратеничката Владанка Авировиќ поддржувајќи го предлог-законот, рече дека кон миграцијата која предизвикува проблеми и во нашата земјатре треба да пристапиме со најголема сериозност, не само заради хуманитарниот карактер, туку и заради долгорочните импликации врз РМ, врз нејзината политичка, економска стабилност.
– Ваквиот пристап е за поздравување затоа што Македонија нема доволно ресурси самата да пристапи кон сеопфатни анализи, каде што ние треба да ги следиме оние земји кои што имаат веќе големо искуство, имаат стратегии и знаат да се справат со сите предизвици во однос на бегалски кризи од големи размери… Заради нашите граѓани ние треба овие процеси да ги следиме многу будно, затоа што сме малку, Македонија има два милиони жители и тоа сериозно влијае. Секаков наплив и останување на бегалците изискува посебна стратегија. Токму овие стратегии треба да бидат наш предмет на интерес, рече Авировиќ.
Законот за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Спогодбата од Маракеш за основање на Светската трговска организација. Со негова примена, беше речено, ќе се овозможи поедноставуање на царинските постапки низ ефикасна соработка меѓу Царинската управа и надлежните органи на контрола на увозот, на извозот и транзитот на стоки, а со цел олеснување на трговијата преку граница.
Пратеникот Влатко Ѓорчев, во овој контекст апелираше РМ и надлежните институции одблиску да го следат дијалогот за договорот за слободна трговија што во моментов се одвива меѓу ЕУ и САД, а кој вели треба да стане применлив за 2-3 години, се со цел, вели, да бидеме дел од тие процеси..
– Доколку Македонија остане надвор од тоа, таа ќе биде помалку атрактивна за инвеститори од САД, како што се Џонсон Контролс и повеќе други кои треба да се остварат во Македонија, а фабриките кои се веќе во Македонија потешко ќе можат да ги пласираат своите производи во ЕУ затоа што таму ќе има повеќе производи од САД со пониски трошоци на произведување, рече Ѓорчев.
Законот за ратификација на Дополнителниот протокол 4 на Договорот за измена и пристапување на Централниот европски договор за слободна трговија, кој исто беше донесен во Собрание, се однесува на договор потпишан со Република Молдова, а се однесува на царинските квоти за вино.
Пратениците го донесоа и Законот за ратификација на Дополнителен протокол кон Европската повелба за локална самоуправа за правото за учество во работите на локалната власт.
Седницата ќе прдолжи по редовната пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.