| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнатата жена пронајдена жива како плива

Тим на Езерската полиција, околу 10.30 часот ја пронашол жената по која се трагаше неколку часови, жива, како плива во езерото пред хотел Парк, пренесе локалниот „Охрид њуз“.

Потрагата по жената, за која постоеја сомневања дека е исчезната во езерските води, започна утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот и трае до 10 часот утрово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top