| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми: Обвинителството бара суд за Варуфакис поради неговиот „План Б“

varufakis

Грчкото јавно обвинителство побарало поранешниот шеф за финансии на државата Јанис Варуфакис да биде суден поради неговиот план Б, со кој се предвидувало излегување на државата од еврозоната и воведување паралелен систем за плаќање, објавуваат весници во Атина.

Весникот Етнос објави дека во парламентот се примени две барања за судски процеси против поранешниот министер за финансии, како и против други лица вмешани во скандалозниот план.

Обвинителството смета да поднесе барања во парламентот за да биде побарано одземање на имунитетот на Варуфакис.

Лидерот на опозициската Нова демократија Евангелос Мејмаракис исто така бара политичка одоговорност од Варуфакис и да биде изведен пред парламентарна анкетна комисија.

Под наслов „Лорд Лајман, пријателот на Варуфакис и архитект на црната среда“, грчкото електронско издание њуз/ин го цитира лордот (висок претставник во владите на Тачер и Мејџор) кој тврди дека планот претставен од Варуфакис на економски форум во Лондон на 16 јули не бил план за излегување на државата од валутната унија, туку план за акција при вонредна ситуација, план за ликвидност кој Варуфакис го нарекол план Б, нешто што лордот го смета за логичен потег.

Весникот Та Неа го цитира поранешниот министер за финансии кој по повод целиот случај што се направи околу него вели: – Го предадов Ципрас, но си останавме пријатели.

Варуфакис може да биде суден и за хакерство врз лични податоци од сметки на даночните обврзници. Тој сакал тоа да се искористи при поготвуваното од него излегување на државата од еврозоната додека се воделе преговорите со европските кредитори за спас на Грција од банкрот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top