Девојките со мали гради често не знаат каков горен дел од костимот за капење да одберат, но постојат многу модели кои визуелно може да ги зголемат градите. Најважно е да знаете што да барате, а тоа се:
Реси
Ресите визуелно додаваат неколку сантиментри. Одберете бикини со триаголна форма. Иако моделите без прерамки не се препорачуваат за девојките со мали гради, ако на нив има реси, помала е „штетата“.
Раздвоени триаголници
Колку повеќе се раздвоени, толку триаголниците визуелно ги зголемуваат градите. Сепка, не претерувајте, да не изгледате смешно. Одберете модел кој се врзува околу вратот, за така подобро да ги подигнете градите.
Карнери
Карнерите, исто како и ресите визуелно ги зголемуваат градите. Карнерите и во долниот дел, пак, заедно даваат изглед на тело во форма на песочен часовник, иако девојката која го носи нема нагласени облини.
Што помалку материјал
Што помалку материјал во триаголниците, толку визуелно поголеми гради. На материјал не треба да се штеди, пак, во делот под градите, каде парче дебело 2-3 сантиметри прави чуда за деколтето.
Пуш-ап
Како и градникот, така и овој вид на костим за капење прави сосема поинаков поглед кон вашите гради, посебно ако е во впечатлива боја, која исто така помага во визуелното зголемување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.