| четврток, 6 декември 2018 |

Милошевски промовиран во Генерален Секретар на РФМ

рфмФилип Милошевски и официјално e промовиран во нов Генерален Секретар во Ракометната Федерација на Македонија, а потврда стаса на денешната седница на Управниот Одбор. Милошевски најпрвин беше назначен како ВД Генерален секретар, по оставката на претходникот Марјан Начевски, а од денеска тој и официјално ќе биде прв „оперативец“ во РФМ.

Милошевски веднаш ќе има голем предизвик, бидејќи треба да се организира гостувањето на светскиот првак Шпанија, во квалификациски меч за ЕП 2014 во Данска. Тој натпревар, се игра на 3. април во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top